Еуро Табак ја надигра екипата на ЕЛЕМ

Еуро Табак ја надигра екипата на ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 3-5(2-3) Еуро Табак

ЕЛЕМ: Влатко Петровски 12’ 33’ Горан Николов 20’

Еуро Табак: Дејан Јанковски 18’ 23’ Мартин Ливрински 15’ 20’ 27’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Еуро Табак, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на ЕЛЕМ која на стартот наметна своја игра што и донесе многу шанси за погодок па во 12та минута реализираа за водство од 1-0. По оваа негатива следуваше одличен период за екипата на Еуро Табак која за само неколку минути успеа да постигне три погодоци за целосен резултатски пресврт и водство од 1-3, сепак во последната минута од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива 2-3 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Еуро Табак со голот на Јанковски успеа да го зголеми водството на 2-4, по ова водство екипата на ЕЛЕМ беше приморана да започне со поагресивна игра како би фатила резултатски приклучок. Сепак екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта па го доби овој натрпевар со 3-5.