Ивановски со одлична игра во второто полувреме говодеше ЈП Водовод до победа над Спорт Лајф

Спорт Лајф 1-5(1-1) ЈП Водовод

Спорт Лајф: Мартин Стојчевски 3’
ЈП Водовод: Горан Николовски 22’ Авни Ајвази 20’ Стојанче Ивановски 25’ 30’ 40’

Крајно неизвесно прво полувреме одиграа екипите на Спорт Лајф и ЈП Водовод и двете екипи играа доста затворено поставувајќи игра која целосно беше фокусирана на одбраната. На двете страни се играше цврста одбрана од тука и израмнетиот резултат 1-1 на полувреме. Во второто полувреме кај екипата на Водовод проработи Ивановски и со три гола успеа да ја пробие одбраната на Спорт Лајф и да го предводи Водовод кон победа во овој натпревар. Во самиот финиш екипата на Спорт Лајф се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но тоа не им успеа па го загуби овој натпревар со 1-5