Интертек со одлично второ полувреме до победа над Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка 3-5(1-1) Интертек

Шпаркасе Банка: Стојанчо Јосифовски 13’ Мартин Керамитиќиев 23’ 27’
Интертек: Стефан Ѓалевски 24’ 33’ 35’ Мартин Лазаревски 2’ 28’

Одличен почеток на екипата на Интертек во дуелот со Шпаркасе Банка, тие го отворија натпреварот во раната фаза од полувремето со погодок на Лазаревски во 2та минута. По ова рано водство екипата на Шпаркасе Банка се префрли на противничка половина и вршеше константен притисок кон голот на Интертек. Екипата на Интертек одлично ја постави играта во одбраната и успеваше да ги одбие сите налети на Шпаркасе Банка се до 13та минута од полувремето кога Јосифовски како голман играч се префрли во нападот и со удар од далечина успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но ниту една од екипите не успеа да реализира па на паузата се замина со израмнет резултат од 1-1. Во второто полувреме екипите продолжија со одлична игра, се играше израмнето и екипите се менуваа во водството. Во финишот од натпреварот екипата на Интертек успеа да искористи две грешки во одбраната на Шпаркасе Банка и да дојде до предност од два гола со резултат од 3-5. Екипата на Шпаркасе Банка се обидуваше до самиот крај да ја нулира предноста на Интертек, но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 3-5.