Искрател Груп со одлично второ полувреме до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Искрател Груп 5-3(2-2) Фабрика Карпош – ГИМ

Искрател Груп: Ратко Иванов 27’ Роберто Гаврилов 22’ 32’ Филип Кекев 9’ 14’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 15’ Мики Нешиќ 6’ 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Искрател Груп и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи го започнаа натпреварот со офанзивна игра и се редеа шанси за гол и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош со голот на Нешиќ во 6та минута, екипата на Искрател неколку минути подоцна во 9та минута успеа да го израмни резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат по еден погодок па на полувремето се замина со изедначен резултат од 2-2. На стартот од вториот дел екипата на Искрател успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по ова екипата на Фабрика Карпош се префрли на потивничко поле и вршеше притисок како би дошла до израмнување но екипата на Искрател груп со одлична игра во одбраната одолеваше на притисокот и преку контра напади ја казнуваше екипата на Фабрика Карпош за конечна победа од 5-3.