Искуството на Иметовски пресудно во победата на Рамстор над Уни Банка

Уни Банка 2-5(0-2) Рамстор

Уни Банка: Марко Ташков 25’ 37’
Рамстор: Армандо Алијевиќ 14’ 23’ Ибрахим Бекир 24’ Алтај Иметовски 4’ Ведат Арслан 36’

Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со Уни Банка, тие уште на самиот старт од натпреварот во 4та минута успеаа да дојдат до брзо водство преку погодокот на Иметовски. По ова рано водоство на екипата на Рамстор екипата на Уни Банка се обиде со поофанзивна игра да дојде до израмнување но ваквата отворена игра ја искористи Рамстор за зголемување на водството на 0-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Рамстор продолжи со одлична игра и котрола врз топката и преку Иметовски како организатор на играта дојде до сигурна предност од 0-4. Екипата на Уни Банка успеа резултатски да се доближи преку погодоците на Ташков но немаа сила за пресврт. Екипата на Рамстор не дозволи изненадувања и го приведе овој натпревар до мирна завршница за победа од 2-5