Лукоил потпирајќи се на искуството дојде до победата во дуелот со Корпа

Корпа 1-1(2-5) Лукоил

Корпа: Даниел Жерновски 32’ Кристијан Димковиќ 17’
Лукоил: Иван Стојчев 12’ Петар Лефковс 30’ 31’ 37’ Димитар Иванов 22’

Петтото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Корпа и Лукоил, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани. Екипата на Лукоил на почетокот на натпреварот ја превзема иницијативата и притискаше кон голот на Корпа што им донесе предност во 12та минута од полувремето со погодокот на Стојчев. По ова водство на Лукоил екипата на Корпа ги консолидира своите редови и со брзи контра напади се закануваше кон противничкиот гол, во една ваква ситуација со погодок на Димовиќ на својата екипа Корпа и донесе израмнување на 1-1 во 17та минута. Лукоил до финишот на полувремето се обидуваше да дојде до повторно водство но Корпа го издржа притисокот па со 1-1 се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со цврст фудбал во високо темпо на игра екипата на Лукоил притисна во предно поле и со неколку одлични погодоци успеа резултатски да се одвои и да поведе со 1-4. Екипата на Корпа се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот и успеа да намали на 2-4, но Лукоил искусно се постави не дозволи изненадување па на крајот славеше со 2-5.