Лукоил со одлична игра до сигурна победа над ЕЛЕМ

Лукоил 10-3(6-1) ЕЛЕМ

Лукоил: Горан Стојанов 3’ 10’ 23’ Иван Стојчев 5’ Петар Лефков 8’ 19’ 31’ 33’ 33’ Александар Георгиевски 20’
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 11’ Влатко Петровски 28’ Александар Станковски 33’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Лукоил и ЕЛЕМ, екипата на Лукоил од самиот старт на полувремето наметна високот темпо на игра. Со вака високо темпо на игра бргу дојдоа и головите екипата на Лукоил го отвори резултатот во 3та минута од полувремето со погодокот на Стојанов а за само на кој му се приклучија и Стојчев и Лефков за солидна предност од 3-0 до 10та минута од полувремето. Ова ја примора екипата на ЕЛЕМ да направи тактички промени во својот состав и да атакува на противничкиот гол ова им донесе резултат до погодокот на Груевски во 11та минута. Сепак екипата на Лукоил до полувремето ја имаше контролата врз играта па на паузата замина со предност од 6-1. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи со одлична игра, екипата на ЕЛЕМ иако имаше одлични шанси и погодоци не можеше да ја нулира разликата која Лукоил ја направи на полувремето. Екипата на Лукоил до крајот на наптреварот со со тимска игра како и со одлчни индивидуални потези доаѓаше до отворени шанси за гол кои ги користеше за од минута во минута да го зголемува водството кое на крајот изнесуваше 10-3.