Лукоил со одлична реализација до победа над Спорт Лајф

Спорт Лајф 3-14(1-9) Лукоил

Спорт Лајф: Ќами Ибраими 21’ Трендафил Атанасовски 20’ Борче Стоименов 5’
Лукоил: Александар Георгиевски 27’ Горан Стојановски 6’ 7’ 10’ 12’ 20’ 25’ Анѓелчо Арсов 23’ Гоце Мојсовски 19’ 15’ Петар Лефков 2’ 14’ 17’ 30’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Спорт Лајф и Лукоил. Екипата на Лукоил уште во раната фаза на натпреварот наметна високо темпо на игра што им донесе водство во 2та минута од полувремето . Екипата на Спорт Лајф во 5та минута успеа да искористи грешка во одбраната на Лукоил и да дојде до израмнување на резултатот на 1-1 со погодокот на Стоименов. По ова екипата на Лукоил ја наметна своојата препознатлива игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство кое на полувремето изнесуваше 1-9. Во во второто полувреме иста слика, екипата на Лукоил со брзи напади и одлични акции успеваше да го изненади противничкиот голман. Екипата на Спорт Лајф со скратена клупа не можеше да парира на денес одличните Лукоил. Крај 3-14