Лукоил со одлично второ полувреме до бодовите во дуелот со Уника

Лукоил 7-3(4-3) Уника

 

Лукоил: Марјан Цветковски 3’ Александар Аврамовски 22’ Дејан Зиков 28’ Мартин Алаѓозовски 20’ Лоренцо Николовски 19’ 19’ 40’

Уника: Арбен Нухиу 15’ Бенјамин Граинца 9’ Даниел Стојковски 5’

 

Екипата на Лукоил одлично го започна овој натпревар против екипата на Уника со погодок во 3та минута дело на својот голман Цветковски, по оваа негатива следуваа неколку пеколни минути од страна на екипата на Уника која успеа да постигне три погодоци и да направи целосен пресврт. Како одминуваше времето и се очекуваше екипата на Уника да го добие првото полувреме во последните две минути од полувремето екипата на Лукоил успеа да го врати водството и на полувремето замина со предност од 4-3. На стартот од второто полувреме еккипата на Лукоил преку Аврамовски го зголеми водството на 5-3. Екипата на Уника се обиде со промена на тактиката внесувајќи голман играч со цел да фати резултатски приклучок но екипата на Лукоил одлично ги затвори сите приоди до својот гол и го доби овој натпревар со 7-3.