Лукоил со одлично второ полувреме до победа над С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 5-8(3-3) Лукоил

С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 1’ 9’ Дамјан Сиљановски 28’ Мартин Мојсовски Владимир Мојсовски 40’
Лукоил: Марјан Цветковски 26’ 35’ Лоренцо Николовски 14’ 22’ Анѓелчо Арсов 40’ Антонио Фенов 10’ Иван Стојковски 7’ 28’

Во крајно еуфоричен и полн со адреналин натпревар силите ги одмерија екипите на С.Ц. Борис Трајковски и Лукоил. Во текот на целото прво полувреме се играше израмнет фудбал на двете страни и двете екипи играа гол за гол не давајќи му на противникот резултатски да се одлепи. Од ваквата игра и следуваше и израмнетиот резултат на полувремето од 3-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил преку контра напади успеа да стекне резултатска предност, С.Ц. Борис Трајковски остана пократок за голман играч Костов кој поради повреда мораше да го напушти натпреварот. Вака ослабениот Борис Трајковски не можеше да направи резултатски пресврт па го загуби натпреварот со 5-8.