Лукоил со победа над Ван Хоол до шампионската титула

Лукоил 4-1(0-1) Ван Хоол

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула силите ги одмерија екипите на Лукоил и Ван Хоол. Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски. По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната , со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето. Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1. Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади. Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата. Лукоил со оваа победа од 4-1 стана шамипон на Бизнис Лигата на Македонија.