Лукоил со 10 од 10 есенски шампион!

По завршувањето на есенскиот дел од Бизнис Лигата на Македонија само екипата на Лукоил успеа да дојде до маестрален скор во кој од 10 одиграни натпревари успеа да забележи исто толку победи.
Целиот есенски дел го одигра без пораз како и без израмнет натпревар, успеа да оствари маестрален скор од 30 бода, а притоа имаше 83 дадени гола и 21 примен со што беше во позитива од дури 62 гола.

Веднаш зад нив беше екипата на Матрикс која имаше два нерешени натпревари со ист резултат беше и екипата на Џојсон Сејфти Системс која имаше нешто послаба гол разлика па се најде на третото место.
Во останатиот дел од табелата следеше екипата на Гранит која е на 4то место која има 7 победи и еден нерешен натпревар и еден пораз и секако натпревар помалце.
Петтото место и припадна на екипата на Ван Хоол со 7 победи и 3 порази
На шестото место на табелата се најде екипата на С.Ц. Борис Трајковски со 6 победи и 4 порази
Седмо место се ТЕМАТО кои се нови во Бизнис Лигата и успеаа да остварат одличен скор од 6 победи и 4 порази
Осми се ЕЛЕМ со 5 победи, 2 нерешени натпревари и 3 порази
На деветто место е екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со скор од 5 победи, една нерешена и 4 порази
Десетто место е екипата на Рамстор која имаше идентичен резултат како Фабрика Карпош – ГИМ но мора да напоменеме дека имаа пех и лавовски се бореа завршувајќи ја сезоната со пола ростер бидејќи се повредија неколку клучни играчи
Џонсон Мети беше 11то место со идентичен скор на победи и порази по што може да се види израмнетоста на Бизнис Лигата на Македонија оваа сезона
Дванаесеттото место го завзеде екипата на ЕВН која има натпревар помалце со скор од 4 победи и 2 нерешени натпревари и 3 порази
ЈСП е 13ти со 4 победи, 1 нерешена и 5 порази
Шпаркасе Банка има 4 победи и 6 порази
Петнаести место е ЈП Водовод со 3 победи, 1 нерешена и 6 порази
Шеснаесеттото место и припадна на екипата на Уни Банка со 2 победи и 9 порази, а исто толку има и екипата на А1
18, 19то и 20то место се екипите на ЈП Дрисла, Пивара Скопје и екипата на Спорт Лајф кои се нови во лигата и прв пат настапуваат па овој нивен резултат го препишуваме на периодот на адаптација

Очекуваме во пролетниот дел да продолжи неизвесноста бидејќи системот на натпревари и Ф8 фазата ќе донесат нова возбуда и шанса за секој кој ќе влезе во неа со победа на само еден натпревар да се најде во финалето и на само чекор од Шампионската титула