Лукоил ја сочува предноста од полувремето за победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 4-6(2-5) Лукоил

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 7′ 7′ Герги Божиков 29′ Игор Николовски 32′
Лукоил: Дејан Зиков 1′ 16′ 17′ Мартин Алаѓозовски 13′ Лоренцо Николовски 18′ Владимир Секуловски 25′

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Фабрика Карпош – ГИМ, прва до водство дојде екипата на Лукоил која со гол во првата минута најави ефикасно прво полувреме. Екипата на Фабрика Карпош по неколку минути спреми одговор и со двата гола на Божиков успеа да направи целосен пресврт. По оваа негатива екипата на Лукоил изврши силен притисок кон противничкиот гол и со 3те погодоци на Зиков успеа да ја врати резултатската предност. Последните минути од полувремето поминаа во знакот на екипата на Лукоил кои успеаа да го добијат ова полувреме со високи 2-5. Во второто полувреме се продложи со високо темпо на игра со многу шанси за гол и на двете страни, екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да постигне погодок да го намали водството и да се врати резултатски во игра со што остатокот од натпреварот го направи многу интересен. Екипата на Лукоил и покрај тоа што во неколку наврати играше со играч помалце успеа да го сочува водството и да го добие натпреварот со 4-6.