Макпетрол во вистинска форма во дуелот со Аптив

Аптив 2-9(1-4) Макпетрол

Аптив: Александар Марковски 16’ Марјан Митев 29’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 7’ 17’ 24’ 31’ Бенер Бекиовски 37’ Марко Костенцовски 19’ 20’ Ибраим Исмаили 35’ Марио Митровиќ 23’

Екипите на Аптив и Макпетрол одлично го започнаа меѓусебниот дуел, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани со високо темпо на игра. Екипата на Макпетрол го отвори резултатот со погодок во 7та минута на Ѓоргиевски, ова ја примора екипата на Аптив да започне со нешто поофанзивен фудбал што им донесе резултат во 16та минута од полувремето со погодокот на Марковски. Сепак до крајот на полувремето екипата на Макпетрол имаше серија од три погодоци што им донесе предност од 1-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со контрола врз играта на теренот и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Екипата на Аптив имаше одлични обиди кон противничкиот гол но голманот на Макпетрол беше на ниво на задачата и беше вистински ѕид на својот гол. До крајот на натпреварот екипата на Аптив продолжи со борбена игра но резултатот беше на страната на Макпетрол кои славеа со високи 2-9.