Макпетрол преку дуото Ѓоргиовски – Бекиовски до победата над Леар

Макпетрол 9-2(3-0) Леар

Макпетрол:Мишо Ѓоргиовски 28’ 37’ 39’ Бенер Бекиовски 19’ 23’ 34’ Никола Секуловски 5’ Марио Митровиќ 16’ Баже Тодоровски 34’
Леар: Драган Ѓорѓески 29’ Борче Ристевски 36’

Единаесетото коло од Бинзис Лигата го отворија екипите на Макпетрол и Леар, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со офанзивна игра. Екипата на Макпетрол прва го отвори резултатот во 5та минута со погодокот на Секулоски, ова и даде дополнителен мотив на екипата на Макпетрол која продолжи со одлична игра и со зголемување на резултатот. Екипата на Леар имаше неколку одлични шанси но слаба реализација па на полувремето Макпетрол замина со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одличната игра и со зголемување на своето водство кое до 28та минута изнесуваше 5-0. Екипата на Леар успеа преку Ѓорѓески и Ристевски да ја намали разликата, но Макпетрол ја имаше контролата врз играта и преку расположените Бекиоски и Ѓоргиоски успеваше да дојде до резултатска позитивакоја на крајот изнесуваше убедливи 9-2.