Макпетрол со добра игра до победа над Пекабеско

Пекабеско 1-15(1-7) Макпетрол

Пекабеско: Александар Спасевски 10’
Макпетрол: Игор Стојковски 2’ 15’ 17’ 20’ 34’ 38’ 39’ Мишо Ѓорѓиевски 9’ 25’ Марко Костенцовски 7’ 11’ 34’ 36’ Ибраим Исмаили 22’ Виктор Доневски 23’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Макпетрол, екиата на Макпетрол одлично го отвори овој натпревар со погодок постигнат во втората минута. Овој брз погодок ја сруши целата концепција на игра кај екипата на Пекабеско по што следуваше канонада кон нивниот гол. Пекабеско не успеваше да најде против игра за денес разиграниот Макпетрол. На полувремето се замина со резултат од 7-1. Екипата на Пекабеско се обиде со чести измени да фати резултатски приклучок но вечерва голгетерски расположениот Макпетрол не дозволи никакво изненадување па мирно го приврши овој меч кој заврши со високи 1-15 за Макпетрол.