Макпетрол со пресврт во второто полувреме до победа над ЈП Дрисла

Макпетрол 7-6(2-3) ЈП Дрисла

Макпетрол: Бенер Бекиоски 33’ 34’ Ибраим Исмаили 26’ Никола Секуловски 18’ 36’ 39’ Марко Митровиќ 9’
ЈП Дрисла: Дени Стојановски 33’ Бесник Шакири 8’ 39’ Расим Исмани 7’ 40’ Ридван Демири 14’

Одличен почеток за екипата на ЈП Дрисла во дуелот со Макпетрол, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра офанзивна игра но екипата на ЈП Дрисла беше таа која во раната фаза го отвори резултатот на 0-1. По ова почетно водство екипата на ЈП Дрсила го зголеми водството на 0-2 што ја примора екипата на Макпетрол да направи тактички промени во својата игра што вродија со плод па брзо после тоа дојде до намалување на разликата на 1-2.До крајот на полувремето екипата на Макпетрол беше таа која притискаше кон противничкиот гол но екипата на ЈП Дрисла го издржи притисокот па на паузата замина со предност од 2-3.Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла продолжи со одлична игра и успеваше да ја одржи предноста. Екипата на Макпетрол во втората половина на полувремето успеа да најде против игра на играта на Дрисла и да дојде до израмнување и целосен резултатски пресврт па на крајот Макпетрол славеше со 7-6.