Макпетрол убедлив во дуелот со Уни Банка

Макпетрол 7-2(4-0) Уни Банка

Макпетрол: Илчо Филиповски 18′ 20′ Чедомир Сарџовски32′ Бенер Бекировски 3′ Марко Костенцовски 17′ 28′ Горан Костенцовски 36′
Уни Банка: Александар Кузинаков 30′ 37′

Екипата на Макпетрол одлично го започна дуелот против екипата на Уни Банка со погодокот на Бекиовски и водство од 1-0. Екипата на Уни Банка овој натпревар го започна со голман играч што и овозможуваше голем протор за маневар во фаза на напад па и од таму во првите минути успеаа да створат неколку здрави шанси за погодок но имаа слава реализација. До крајот на првото полувреме екипата на Макпетрол успеа да ги искористи грешките во одбраната на Уни Банка и го доби полувремето со високи 4-0. Во второто полувреме екипата на Уни Банка се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок кон голот на Макпетрол обидувајќи се да ја намалат негативата од полувремето, но екипата на Макпетрол одлично ја имаше поставено одбраната ги затвори сите приоди кон својот гол и на крајот успеа да го добие овој натпревар со високи 7-2