Макстил со одлично второ полувреме до победа над А1

А1 1-8(2-1) Макстил

А1: Стефан Петровски 12’
Макстил: Маркоски Чедо 35’ Лазев Мартин 23’ Етемов Бурхан 28’ 30’ Бојковски Бобан 8’ Божинов Александар 5’ 26’ Александар Кметовски 37’

Одличен старт за екипата на Макстил во дуелот со А1 тие од самиот старт на натпреварот неметанаа високо темпо на игра што им донесе рано водство во 5та минута со погодокот на Божинов а само неколку минути подоцна му се приклучи и Бојковски за водство од 0-2. Екипата на А1 по оваа негатива ги консолидира своите редови и со брза транзиција во предно поле и погодок на Петровски успеа да намали на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Макстил повторно ја превзема иницијативата но одбраната на А1 беше на ниво на задачата па на паузата се замина до 1-2. Во второто полувреме екипата на Макстил ја превзема иницијативата и имаше комплетна контрола врз играта и резултатот и од минута во минута го зголемуваше своето водство. Екипата на А1 со голман играч се обиде да стори нешто повеќе но Макстил имаше цврста одбрана и со брзи контра напади успеа да дојде до сигурна победа од 1-8.