Макстил ја сочува предноста и славеше над Корпа

Макстил 2-1(2-1) Корпа

Макстил: Цветанчо Милошевски 5”, Ридван Идризи 18”
Корпа: Никола Спасевски 2”

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макстил и Корпа. Екипите го започнаа ова полувреме во висок ритам. Екипата на Корпа прва дојде до водство во втората минута од полувремето со погодокот на Спасевски. Екипата на Макстил имаше брз одговор и само три минути подоцна со удар од далечина на голманот Милошевски 5” успеа да израмни на 1-1. По оваа почетна фаза, екипите беа израмнети на теренот и со обиди од далечина се обидуваа да го изненадат противникот. Ова и yспеа на екипата на Макстил во 18” со погодокот на Идризи кој погоди за водство од 2-1, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме се продолжи со израмнета битка. Двете екипи со чести ротации во своите редови го одржуваа високото темпо на играта. Мора да напоменеме дека голманите на двете екипи беа на ниво на задачата па од тука и малиот број на погодоци на овој натпревар. Во финишот на натпреварот екипата на Корпа се обиде со силен притисок да го изненади противникот, но Макстил одлично ја постави својата одбрана, не дозволи изненадувања, па славеше во овој дуел со 2-1.