Матео Димишков со два гола ја водеше Корпа до победа над ТАВ

ТАВ 1-2(0-1) Корпа

ТАВ: Даниел Симиќ 28’
Корпа: Матео Димишков 10’ 38’

Екипите на ТАВ и Корпа во овој натпревар влегоа мошне мотивирано со цврста игра во одбраната, на двете страни акцентот беше поставен на одбраната па екипите тешко доаѓаа до отворен шут кон голот. Во текот на целото прво полувреме екипите играа пресинг по целиот терен како не би дале шанса на противникот да развие контра напад и дојде до отворена шанса за гол. Во средината од првото полувреме екипата на Корпа во 10та минута преку Димишков успеа да поведе со 0-1. Екипата на ТАВ се обидуваше да го израмни резултатот но не успеа во тоа па на полувремето се замина со минимална предност од 0-1 во корист на Корпа. Во второто полувреме екипата на ТАВ во 28та минута преку Симиќ успеа да израмни на 1-1, се играште егал натпревар се до самиот финиш кога Димишков повторно 38та минута со гол и донесе предност на екипата на Корпа со 1-2 резултат со кој заврши овој натпревар.