Матрикс во свој ритам до победа над ЈСП

Матрикс 5-1(2-0) ЈСП

Матрикс: Драган Брњарчевски 19’ 24’ 32’ Ивица Алапиоски 3’ Иван Георгиев 36’
ЈСП: Љупчо Павловиќ 32’

Екипите на Матрикс и ЈСП вечерва играа доста цврст натпревар. иако на двете страни се играше офанзивен фудбал акцентот на играте беше ставен на одбраната. И двете екипи играа на граница на фаул како не би дозволиле противникот да дојде до отворена шанса за гол. Екипата на Матрикс во ваква поставеност преку Алампиоски во 3та минута го отвори натпреварот и успеа да дојде до предност од 1-0 за да во самиот финиш од ова полувреме преку Брњарчевски во 19та успеа да дојде до 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме тренерот на ЈСП Давор Калиновски со чести измени користејќи го голманот како голман играч се обиде да ја изненади екипата на Матрикс, но искуството на Матрикс дојде до израз и со мирна и сталожена игра тие успеаа од минута во минута да го зголемуваат водството и во свој ритам да го завршат овој натпревар со 5-1.