Матрикс го издржа притисокот и славеше над Макпетрол

Матрикс 4-3(1-1) Макпетрол

Матрикс: Ивица Алампиоски 27’ Давид Ристовски 7’ 29’ Никола Ристовски 27’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиоски 9’ 38’ Никола Секуловски 28’

Екипите на Матрикс и Макпетрол го отворија овој дерби натпревар во високо темпо на игра. Двете екипи со долги напади и точни подавања се обидуваа да искористат грешка во противничката одбрана за да дојдат до отворена шанса за гол. Екипата на Матрикс со брз контра напад во 7та минута и погодокот на Ристовски успеа да го отвори резултатот, ова ја примора екипата на Макпетрол да започне со нешто поованзивна игра и пресинг во предно поле. Екипата на Макпетрол успеа да израмни од прекин со одличен погодок на Ѓоргиовски за 1-1 и да ја врати резултатската неизвесност. До полувремето двете екипи имаа одлични обиди но голманите беа на ниво на задачата па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме динамиката на играта влезе во повисоко ниво, и двете екипи играа доста цврсто како што доликува на еден ваков дерби натпревар. Екипата на Матрикс искористи неколку погрешни додавања кај Макпетрол и преку брзи контра напади успеа да реализира во една минута 3 погодоци преку Алапиоски, Ристовски Д. и Ристовски Н. Мапетрол го намали водството преку Секуловски и Ѓоргиоски во самата завршница се влезе со гол предност за Матрикс со резултат од 4-3. Екипата на Макпетрол се обидуваше и имаше шанси во самата завршница да дојде до израмнување но Матрикс ја сочува предноста и славеше со 4-3.