Матрикс и Фабрика Карпош – ГИМ ги поделија бодовите

Матрикс 3-3(1-2) Фабрика Карпош – ГИМ

Матрикс:Петре Даиловски 2’ 24’ Андреј Синадиновски 35’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 12’ Тони Котев 10’ Филип Илиевски 26’

Одличен старт за екипата на Матрикс во дуелот со Фабрика Карпош –ГИМ со погодокот на Даиловски во 2та минута. По ова рано водство екипата на Матрикс целосно ја контролираше играта и темпото во натпреварот, но како одминуваше времето екипата на Фабрика Карпош започна со многу агресивна игра во фаза на напад и одбрана што и донесе израмнување во 10та минута. Неколку минути подоцна поточно во 12та минута екипата на Фабрика Карпош успеа да реализира и да направи целосен резултатски пресврт. По ова екипата на Матрикс беше во позиција да го брка резултатот па до крајот на полувремето со постојан притисок се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Фабрика Карпош успеа да одолее на притисокот па на полувремето замина со предност 1-2. На стартот од второто полувреме екипата на Матрикс со вториот погодок на Даиловски успеа да дојде до израмнување, следуваше брз одговор на Фабрика Карпош за повторно водство од 2-3. ЕКипата на Матрикс не се откажуваше лесно од натпреварот па во 35та минута успеа повтрно да дојде до израмнување и да ги направи последните минути вистинска драма. Во ваквата драматична завршница најреален исход беше поделба на бодовите. Крај 3-3