Матрикс со колективна игра до победа над А1

Матрикс 4-1(0-0) А1

Матрикс: Антонио Богдановски 23’ Тони Брњарчевски 11’ 34’ Даниел Боневски 33’
А1: Леонид Јандреоски 21’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Матрикс и А1, двете екипи во ова полувреме влегоа силно мотивирани и со офанзивна игра. Екипата на Матрикс се закануваше кон голот на А1 но екипата на А1 одлично ја постави својата одбрана а преку контра напади се закануваше на спротивната страна. Екипата на Матрикс во средината на полувремето поточно во 11та минута успеа да ја пробие одбраната на А1 и со двојно додвање Брњарчевски успеа да дојде до одлична позиција и да стрела за водство од 1-0. По ова водство екипата на Матрикс продолжи да се заканува а екипата на А1 со поставена зона во одбраната се штитеше и успеваше да го издржи притисокот. На полувремето Матрикс замина со само еден гол предност 1-0. Во второто полувреме екипата на А1 успеа да израмни на самиот старт со погодокот на Јандреоски во 21та минута, по ова следеше цврст фудбал на раб на фаул. Екипата на Матрикс искористи играч помалку кај противникот по груб старт за да дојде до повторно водство од 2-1. Се чинеше дека екипата на Матрикс по ова конечно ја пронајде својата игра и од минута во минута го зголемуваше водството за на крајот да слави со 4-1