Матрикс со контролиран напад до победа над ЕВН

Матрикс 4-1(2-1) ЕВН

Матрикс: Драган Брњанчевски 40’ Тони Брњанчевски 6’ Иван Георгиев 13’ Даниел Боневски 40’
ЕВН: Никола Атанасов 11’

Израмнето прво полувреме играа екипите на Матрикс и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа мотивирани со офанзивна игра атакуваа на противничкиот гол. Се играше отворен фудбал со многу шанси но голманите беа на ниво на задачите па мрежите мируваа во почетната фаза од натпреварот. Екипата на Матрикс прва го отвори резултатот со погодок на Брњанчевски од пенал по недозволена игра со рака од одбраната на ЕВН во 6та минута од натпреварот. Екипата на ЕВН по оваа негатива започна силен пристисок кон голот на Матрикс што им донесе израмнување во 11та минута со погодокот од далечина на голманот Атанасов и резултат од 1-1, но радоста кај ЕВН кратко траеше бидејќи Матрикс во 13та минута успеа да дојде до повторно водство со погодокот на Георгиев. До крајот на полувремето екипата на ЕВН вршеше притисок кон голот на Матрикс но екипата на Матрикс не дозволи лесен погодок па на паузата се замина со 2-1. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи кон притисокот кон голот на Матрикс користејќи го својот голман како голмани играч ствараше вишок во нападот но не успеваше да реализира. Екипата на ЕВН не успеа да искористи играч вишок кога по груб старт Матрикс остана со играч помалце. Ова го казни екипата на Матрикс во завршницата од натпреварот со два брзи погодоци на Брњанчевски и Боневски за конечна победа од 4-1.