Матрикс со супериорна игра до победа во дуелот со ТЕМАТО

Матрикс 7-4(3-1) ТЕМАТО

Матрикс: Драган Брњарчевски 34’ Мирко Богески 27’ Антонио Богдановски 16’ Ивица Алампиоски 5’ Tони Брњарчевски 13’ 22’ 23’
ТЕМАТО: Мерис Халитовиќ 18’ 37’ Ибрахим Мемети 37’ 40’

Динамично прво полувреме прикажаа екипите на Матрикс и ТЕМАТО, екипата на Матрикс прва ја превзеде иницијативата во ова полувреме што и донесе предност во 5та минута. По ова рано водство на Матрикс екипата на ТЕМАТО беше таа која ја имаше иницијативата но матрикс одлично ја постави својата одбрана и преку контра напади успеваше да го зголемува водството кое до 16та минута изнесуваше 3-0. Во финишот од полувремето екипата на ТЕМАТО успеа да ја намали предноста на Матрикс на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на ТЕМАТО иако имаше одлични шутеви кон протиничкиот гол, голманот Манасиевски беше на висина на задачата и успеа да одбрани одлични обиди. Во финишот на полувремето екипата на ТЕМАТО се обиде резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Матрикс имаше солидна предност која ја задржа до крајот на натпреварот. Крај 7-4