Матрикс ќе презими на првата позиција

Лукоил 1-4(1-0) Матрикс

Лукоил: Марјан Цветковски 9’
Матрикс: Петре Даиловски 21’ 33’ Драган Брњарчевски 30’ Мирко Богоевски 36’

Динамично прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Лукоил и Матрикс, уште на самиот старт двете екипи започнаа со жестоки напади кон противничкиот гол. Екипата на Матрикс на почетокот успеа да креира неколку одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација, а тоа го казни екипата на Лукоил со одличниот погодок на својот голман Цветковски и водство од 1-0. До крајот на полувремето екипата на Матрикс беше таа која бркаше резултат ивршеше постојан притисок кон голот на Лукоил но екипата на Лукоил одлично ја имаше поставено својата игра во обраната па успеа да одолее на притисокот и на полувремето да замине со предностаа од 9та минута 1-0. На стартот на второто полувреме екипата на Матрикс со одличниот погодок на Даиловски успеа да го израмни резултатот. Овој погодок им даде дополнителен мотив на играчите на Матрикс кои тргнаа жестоко кон голот на Лукоил и успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Екипата на Лукоил се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на Матрикс со одлична игра во одбраната не и остави простор за игра на екипата на Лукоил а до крајот на натпреварот успеа и да го зголеми водството. Матрикс овој натпревар го оби со резултат од 1-4.