Митев блесна кај ЕВН за победа над Bestway Solutions

ЕВН 8-3(5-1) Bestway Solutions

ЕВН: Дарко Стоилевски 6’ 27’ Вилијам Митев 4’ 11’ 35’ Ајет Новобрдалија 15’ 36’ Никола Атанасов 18’
Bestway Solutions: Петар Стефанов 19’ 33’ 34’

Одличен почеток за екипата на ЕВН во дуелот со Bestway Solutions , тие од самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе резултатска предност во раната фаза од полувремето. Во 4та минута за ЕВН стрелаше Митев за водство од 0-1, а само две минути подоцна му се приклучи Стоилевски за зголемување на предноста на 2-0. Екипата на Bestway Solutions имаше неколку одлични шанси но слаба завршница што ЕВН го казни за па до полувремето од минута во минута ја зголемуваше предноста, екипата на Bestway Solutions успеа преку Стефановски успеа само да ја ублажи разликата која на паузата изнесуваше 5-1. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи во ист ритам со офанзивна и брза игра успеваше да дојде до чисти ситуации за погодок кои и ги користеше. Екипата на Bestway Solutions имаше неколку одлични погодоци но не успеа резултатски да се доближи. Екипата на ЕВН ја имаше контролата врз резултатот и големата предност од првото полувреме па на крајот славеше со 8-3.