Некомплетниот Еуро Табак не можеше да му парира на Матрикс

Матрикс 6-1(3-0) Еуро Табак

Матрикс: Антонио Богдановски 20’ Мирко Богески 16’ 36’ Петре Даиловски 36’ 37’ Ивица Алампиоски 19’
Еуро Табак: Шенол Дурак 35’

Второто коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Матрикс и Еуро Табак, првата фаза од полувремето помина со високо темпо на игра каде и двете екипи се предодредија за отворен фудбал без многу тактика. Кон средината на полувремето екипата на Матрикс започна со жесток притисок кон противничкиот гол што резултираше со погодок во 16та минута. Екипата на Еуро Табак иако не настапи о полн состав со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот . До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да постигне два погодоци за резултат 3-0 со кој и се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак започна со поофанзивна игра и успеа да створи неколку зрели шанси за погодок но имаа слаба реализација која не им дозволи да го намалат водството од полувремето. Екипата на Матрикс до крајот на овој натпревар ја имаше целосно контролата на играта и на резултатот. Натпреварот заврши со убедливи 6-1 за екипата на Мактрикс.