Николовски во второто полувреме и донесе победа на Фабрика Карпош – ГИМ над Џонсон Мети

Џонсон Мети 3-5(1-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 33’ 34’ Никола Николовски 7’
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 4’ 31’ Игор Николовски 28’ 29’ 40’

Во првото полувреме екипите на Џонсон Мети и Фабрика Карпош – ГИМ уште на самиот старт најавија одличен натпревар. И двете екипи преку Николовски и Панев во раната фаза од натпреварот постигнаа гол со што најавија отворен фудбал и на двете страни. Целото прво полувреме беше крајно израмнето и заврши со резултат од 1-1. Во второто полувреме кај Фабрика Карпош – ГИМ проработе николовски кој со 3 гола не му даде простор на Џонсон Мети да се врати во игра. На крајот екипата на Фабрика Карпош – ГИМ славеше со 3-5.