Окта со тимска игра до победа над ЈП Дрисла

ЈП Дрисла 3-5(2-4) Окта

ЈП Дрисла: Сајо Суљовиќ 18’ Амет Исмаили 15’ 35’
Окта: Иван Димитриевски 1’ Тино Трајковски 21’ Александар Јовчевски 2’ Горан Бојковски 16’ Бојан Станковиќ 13’

Одличен почеток за екипата на Окта во дуелот со ЈП Дрисла, тие од самиот старт на полувремето притиснаа кон противничкиот гол што им донесе рано водство уште во првата минута од натпреварот. Овој погодок им даде дополнителен мотив па до 13та минута од полувремето успеаа да дојдат до солидна предност од 0-3. По ова водство на Окта екипата на ЈП Дрисла ги консолидира своите редови и успеа резултатски да се доближи до резултат од 2-4 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЈП Дрисла продолжи со притисок кон голот на Окта, но Окта одлично ја постави играта во одбраната и не дозволуваше на продтивникот лесно да дојде до отворен простор за погодок. Екипата на Окта ја контролираше играта на теренот и ја зачува својата предност до самиот крај за победа во овој дуел со резултат од 3-5