Осврт на второто коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во второто коло од оваа сезона на Бизнис Лигата на Македонија се одиграа десет натпревари кои изобилуваа со квалитетен фудбал, голем број атрактивни потези како, неизвесни завршници кои го задржуваа вниманието до буквално последната секунда како и натпревари во кои фаворитите не дозволија изненадувања

Матрикс фуриозно во дуелот со Пивара Скопје
Пивара Скопје 1-13(1-7) Матрикс

Димитровски како голман-играч го водеше Гранит до победа над А1
Гранит 11-2(5-1) А1

ТЕМАТО не успеа да го скрши отпорот на ЕЛЕМ
ЕЛЕМ 10-7(4-1) ТЕМАТО

Во цврст натпревар Рамстор подобри од Џонсон Мети
Џонсон Мети 1-4(0-1) Рамстор

Во дерби натпревар Џојсон Сејфти Системс го совлада С.Ц. Борис Трајковски
С.Ц. Борис Трајковски 7-8(5-5) Џојсон Сејфти Ситемс

ЈП Водовод во второто полувреме го скрши отпорот на Уни Банка
ЈП Водовод 6-2(1-1) Уни Банка

ЈП Дрисла немаше сили за целосен пресврт до Ван Хоол
ЈП Дрисла 3-5(1-4) Ван Хоол

Фабрика Карпош – ГИМ фуриозно во дуелот со Спорт Лајф
Спорт Лајф 1-12(0-5) Фабрика Карпош – ГИМ

Лукоил со одлично второ полувреме до победа над Шпаркасе Банка
Шпаркасе Банка 1-9(1-3) Лукоил

ЈСП во финишот успеа да го совлада ЕВН
ЈСП 5-3(2-3) ЕВН

WP Data Tables

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Аце Димитровски (Гранит) 5 гола
– Влатко Петровски (ЕЛЕМ) 4 гола
– Георги Божиков (Фабрика Карпош ГИМ) 4 гола
– Венцо Вренцоски (Џојсон Сејфти Системс) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Николче Глигуровски (Гранит), Марис Халитовиќ (ТЕМАТО), Тихо Груевски (ЕЛЕМ), Лазар Алексовски (ТЕМАТО), Авни Ајвази (ЈП Водовод), Лоренцо Николовски (Лукоил), Даниел Стаменковски (Ван Хоол), Филип Илиевски (Фабрика Карпош – ГИМ), Антонио Богдановски (Матрикс)

Екипа на колото: Џојсон Сејфти Системс
Тренер на колото: Алтај Иметовски (Рамстро)
Голман на колото: Гоце Крстевски (ЈСП)


WP Data Tables

WP Data Tables