Панев со 6 гола ја водеше екипата на Фабрика Карпош – ГИМ до победа над Џонсон Мети

Џонсон Мети 5-10(1-4) Фабрика Карпош – ГИМ

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 27’ Никола Николовски 6’ 37’ Стефан Јовановски 22’ Дарко Ѓурчиновски 22’
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 10’ 17’ 39’ Кристијан Панев 3’ 21’ 24’ 28’ 35’ Игор Николовски 33’ Кире Крстевски 20’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Фабрика Карпош – ГИМ, во текот на целото прво полувреме двете екипи играа отворен фудбал со добро организиран напад преку кој доаѓаа до отворени шутеви до противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која го отвори резултатот во 3та минута преку погодокот на Панев, по 3 минути Џонсон Мети возврати преку Николовски но кај Фабрика Карпош –ГИМ проработе Божиков и Крстевски кои со три гола и донесоа предност на својата екипа 1-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во отворен фудбал кај Фабрика Карпош – ГИМ Панев имаше своја вечер и беше енигма за екипата на Џонсон Мети со 4 погодоци успеа да му донесе предност на Фабрика Карпош – ГИМ која Џонсон Мети не можеше да ја достигне па го загуби овој натпревар со 5-10.