Пафковиќ во фотофиниш му донеса победа на Атлантик Груп во дуелот со Халк Банка

Атлантик Груп 3-2(2-1) Халк Банка
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 2’ Љупчо Пафковиќ 15’ 40’
Халк Банка: Самир Вели 19’ Ерсан Тахир 39’

На самиот старт уште во најраната фаза од натпреварот екипата на Атлантик Груп со гол преку Стојановски 2’ успеа да ја изненади Халк Банка. По водството од 1-0 на Атлантик Гроуп екипата на Халк Банка играше контролиран и долг напад како би дошла до отворена шанса за гол. Но екипата на Атлантик Груп искористи погрешно додавање кај Халк Банка па преку контра напад кој го организираше Пафковиќ 15’ дојде до водство од 2-0. Халк Банка во самиот финиш од полувремето преку Самир Вели успеа да намали на 2-1, резултат со кој се замина на полувремето.

Во второто полувреме се играше егал натпревар. И двете екипи не дозволуваа отворена шанса за гол. Како би можеле да го израмнат резултатот екипата на Халк Банка во својте редови внесе голман-играч за да има играч плус во нападот. Тоа им појде од рака во самиот финиш од натпреварот кога преку Тахир 39’ Халк банка успеа да израмни на 2-2. Но кај Атлантик Гроуп Пафковиќ имаше своја вечер па во самиот финиш од натпреварот постиган гол за победа на својата компанија. Конечен резултат 3-2 за Атлантик Гроуп.