Петровски со хет-трик ја водеше А1 до победа на Пивара Скопје

А1 7-2(3-0) Пивара Скопје

А1 : Стефан Петровски 5” 13” 36”, Ненад Трајков 4”, Јовица Наумовски 21”, Леонид Јандреоски 27” 39”
Пивара Скопје: Александар Иловски 35”, Нено Вељовиќ 37”

А1 натпреварот со Пивара Скопје го отвори преку Трајков во 4”. Со овој гол А1 навести добра игра со фокусиран напад и цврста одбрана. Екипата на Пивара Скопје во првиот дел од првото полувреме се обидуваше да ја пронајде својата посакувана форма но А1 не дозволи Пивара Скопје да влезе во ритам, па преку контра напади со два гола дојде до предност од 3-0 на полувремето.
Во второто полувреме екипата на А1 продолжи со одлична игра пред се во делот на нападот, каде што со брзи проигрувања и конторлиран напад доаѓаше до изгледни шанси за гол. Екипата на Пивара Скопје не успеа да пронајде против игра за вечерва расположенито А1 кој на крајот славеше со 7-2.