Пивара Скопје ја контролираше играта и славеше над Интертек

Пивара Скопје 7-4(3-1) Интертек

Пивара Скопје: Боби Ристов 3’ Александар Алексовски 29′ Влатко Трпковски 10’ 30’ 37’ Кристијан Крстевски 25’
Интертек: Стефан Ѓалевски 12’ Мартин Лазаревски 33’ Игор Гиновски 34’

Натпреварот помеѓу Пивара Скопје и Интертек го отвори екипата на Пивара вораната фаза од полувремето уште 3та минута од полувремето преку погодок на голманот Ристовски. Екипата на Интертек со контролиран напад и добро поставена игра се обидуваше да фати резултатски приклучок напаѓајки во предно поле. Но екипата на Пивара Скопје преку контра напади ги искористи грешките во одбраната на Интертек па во 10та минута со два гола Алексов и Трпковски успеа да стигне до 3-0. По неполни две минути Ѓалевски успеа да намали на 3-1. Екипата на Интертек не успеа да искористи пенал па Пивара на полувремето замина со предност од 3-1. Во второто полувреме Пивара Скопје го зголеми водството, но Интертек со внесување на голман играч во своите редови успеа да се врати во натпреварот но не и да направи целосен резултатски пресврт. Пивара одигра мудро ја контролираше играта и на крајот славеше со 7-4.