Пивара со пресврт во второто полувреме до победа над Џонсон Мети

Џонсон Мети 4-5(3-0) Пивара Скопје

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 6’ Слободан Чичевски 9’ Дарко Ѓурчиновски 4’ 27’
Пивара Скопје: Марто Живиќ 22’ 23’ 25’ Влатко Трпковски 30’ Делчо Кировски 30’

Одличен почеток за екипата на Џонсон Мети во дуелот со Пивара Скопје. Од самиот старт на натпреварот екипата на Џонсон Мети влезе со сигурна и офанзивна игра што им донесе предност во раната фаза од полувремето. Екипата на Пивара Скопје по оваа негатива се префрли на противничка половина и вршеше константен притисок кон голот на противникот, но Џонсон Мети одлично ја имаше поставено својата одбрана и ги одбиваше налетите на Пивара, па на полувремето замина со предност од 3-0. Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје ги консолидира своите редови и преку расположениот Живиќ кој постигна хет трик успеа да ја стопи предноста на Џонсон Мети и да израмни на 3-3. Во финишот од натпреварот екипата на Пивара Скопје по грешка на противникот дојде до целосен резултатски пресврт со 4-5 и да слави во овој дуел.