Рамстор од 1 во 2 за победа над ЈСП

ЈСП 3-4(2-1) Рамстор

ЈСП: Дејан Блажевски 16’ 33’ Гоце Крстевски 11’
Рамстор: Емран Селим 24’ 25’ Ибрахим Бекир 19’ 31’

Екипата на ЈСП одлично го отвори натпреварот со Рамстор, успеа да постигне гол во раната фаза од натпреварот со што имаше простор да игра отворен фудбал со кој успеваше да дојде до изгледни шанси за гол. Екипата на Рамстор во текот на целото прво полувреме како да бараше против игра за расположениот ЈСП но не можеше да го фати вистинскиот ритам па ЈСП на полувремето замина со гол предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Рамстор најде против игра целосно ги консолидира своите редови и во висок ритам успеа да дојде до израмнување. Во самиот финиш екипата на Рамстор успеа да направи целосен пресврт и извојува победа во овој натпревар со 3-4