Рамстор преку Јахија до сигурна победа над Пивара Скопје

Пивара Скопје 6-15(3-8) Рамстор

Пивара Скопје: Делчо Кировски 35’ Алек Илиоски 21’ Александар Божиков 19’ 40’ Марко Магденовски 20’ Горан Гудевски 18’
Рамстор: Енис Мурселов 10’ Емран Селим 37’ 38’ Енгин Мемеди 2’ Армандо Алијевиќ 14’ 40’ Kадир Јахија 4’ 6’ 10’ 17’ 19’ 22’ Ибрахим Бекир 23’ 24’ 38’

Екипата на Рамстор уште на самиот старт од дуелот со екипата на Пивара Скопје го наметна својот препознатлив ритам и со офанзивна игра дојде до брза предност. Екипата на Пивара Скопје со брзи контра напади се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Рамстор направи солидна предност од 0-8. Во финишот од полувремето екипата на Пивара Скопје со три одлични погодоци ја ублажи разликата и на полувремето замина со негатива од 3-8. Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје одма успеа да постигне гол и дополнително да ја намали разликата. Но екипата на Рамстор денес имаше своја вечер и со погодоците на Јакија направи предност која беше недостижна за Пивара Скопје и до гоби овој натпревар со 6-15.