Рамстор со цврста одбрана до победа над Телеком

Рамстор 3-1(1-0) Македонски Телеком

Рамстор: Хурјет Шаќири 18′ 23′ Владимир Боцевски
Македонски Телеком: Даниел Анчевски 40′

Првата фаза од полувремето беше многу израмнета двете екипи беа претпазливи и внимаваа на својот гол, па играчите се обидуваа со соло акции и удари од далечина да направат нешто повеќе. Како одминуваше времето двете екипи го засилија темпото на игра и започнаа со напаѓачки стил, што резултираше со гол на Рамстор во 18та минута за водство од 1-0, резултат со кој се замина на полувремето. На стартот од вториот дел екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за водство од 2-0, по оваа негатива екипата на Телеком направи неколку промени во играчкиот кадар и тргна жестоко кон противничкиот гол со цел да ја намали негативата. Во последните минути од натпреварот екипата на Телеком во игра внесе голман играч со цел да направи вишок во нападот, но таквата офанзивна игра остави дупки во одбраната кои екипата на Рамстор успеа да ги казни за конечна победа на натпреварот од 3-1.