Рекорд во Бизнис Лига: Лукоил цела сезона без пораз стана шампион на регуларниот дел

По 19 одиграни кола од Бизнис Лигата на Македонија заврши регуларниот дел.
Бевме сведоци на сезона која беше полна со неизвесност и борбата за влез во завршниот турнир се водеше буквално до последниот натрпевар.
По завршувањето на регуларниот дел Табелата изгледа вака:

Екипата на Лукоил направи нешто што на ниту една друга екипа не и успеало во Бизнис Лигата сезоната ја заврши со 19 победи од 19 натпревари имаше 100% учинок, со што го заслужи приматот Шампион во регуларниот дел. На второто место се најде екипата на Матрикс која имаше16 победи два нерешени натпревари и еден пораз. На третото место е Џојсон Сејфти Системс со 12 победи 4 нерешени натпревари и 3 порази. И последна екипа која оди директно во Ф8 фазата е кипата на Рмастор со 12 победи 3 нерешени и 4 порази.

Борбата за резигрување и влез во Ф8 започнува во понеделник 16.05.2022
во 18:30 часот кога ќе се сретнат екипите на Гранит и Шпаркасе Банака,
во 19:30 часот Ван Хоол и ЕВН
во 20:30 часот ЕЛЕМ и Џонсон Мети
и 21:30 часот Фабрика Карпош – ГИМ и С.Ц. Борис Трајковски

Победниците од овие натпревари влегуваат во Ф8 фазата каде што им се приклучуваат на четирите најдобри екипи. Натпреварите од Ф8 фазата ќе бидат одиграни на 19.05.2022 (Четврток)

Индивидуалната статистика говори дека Кристијан Панев од Фабрика Карпош – ГИМ е најдобар стрелец со постигнати 59 гола, на второто место е Вецко Вренцовски од Џојсон Сејфти Системс со 58, трето место е Стојанче Ивановски од ЈП Водовод со 36, зад недго е Иван Стојчев од Лукоил со 34 а петто место е Тихо Фидановски од екипата на ЈСП со 29 погодоци

Досегашното искуство говори дека на завршниот турнир ќе гледаме доста возбудлив и неизвесен фудбал во игра на нерви а победникот ќе го одлучуваат нијанси.