Реми во дуелот помеѓу Макстил и Ван Хол

Макстил 1-1 (0-1) Ван Хол

Макстил: Бурхан Етемов 27’
Ван Хол: Андреј Наумовски 2’

Динамично прво полувреме одирграа екипите на Макстил и Ван Хол. На двете страни се играше брз и динамичен фудбал со многу проигрувашња. Во ваквата игра и двете екипи ги красеше контролираниот напад преку кој успеваа да дојдат до отворена шанса за гол. Во раната фаза на првото полувреме екипата на Ван Хол преку Наумовски 2’ поведе со резултат 0-1. Екипата на Макстил со притисок во предно поле се обидуваше да го израмни резултатот но не успеа во тоа, па на полувреме се отиде со 0-1.

Во второто полувреме Макстил продолжи со истата игра од самиот старт. Оваа игра вроди со плод во 27’ кога преку Етемов Макстил израмни на 1-1. До крајот на натпреварот се играше егал. И на двете страни имаше шанси за гол но ниедна од екипите не успеа да дојде до реализација, па натпреварот заврсши со нерешен резултат 1-1.