Сава Осигурување го издржа притисокот во второто полувреме

Сава Осигурување 6-4(4-0) LC Waikiki

Сава Осигурување: Андреј Китановски 2′ 4′ Ивица Минов 18′ Коста Глигуровски 20′ Кристијан Лешков 30′ Данило Поповски 32′
LC Waikiki: Армин Дрпљанин 33′ Алојз Перхај 29′ Енес Ариф 29′ 33′

Екипата на Сава Осигурување одлчно го започна дуелот против LC Waikiki, со рано водство во 2та минута воспоставија целосна контрола на теренот. Екипата на LC Waikiki со чести измени во играчкиот кадар се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во одбраната не дозволи да прими погодок а како одлминуваше времето преку контра напади успеваа да го зголемуваат водството за 4-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki фрли се на една карта – нападот со цел да го намали високото водство од полувремето, тоа им успеа во 29та минута во која постигнаа два погодоци со што фатија резултатски приклучок и ги направија последните минути поинтересни. Екипата на Сава Осигурување не и дозволи на екипата на LC Waikiki да им направи поголем проблем па го добија овој натпревар со конечни 6-4.