Систина со одлично второ полувреме до победа над ЕВН

Аџибадем Систина 3-2(2-2) ЕВН

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 8’ Бојан Саздовски 19’ Никола Малјановски 31’
ЕВН: Ѓорѓи Поповски 1’ Ајет Новобрдарија 20’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и ЕВН, екипата на ЕВН одлично го отвори овој натпревар со погодок во 16та секунда и водство од 1-0. По ова екипата на Систина се префрли на потивничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување, што им успеа во 8та минута преку одличната соло акција и погодок на Димковски за израмнување на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи прикажаа жестока борба по целиот терен, во таквата игра и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол и на полувремето да заминат со изедначен резултат од 2-2. Во второто полувреме се пордолжи со висок ритам на игра во која и двете екипи имаа свои преиоди на одлична игра. Екипата на Систина кон средината на полувремето успеа да постигне погодок и да го превземе водството од 3-2, кое успеа да го сочува до крајот на натпреварот.