С.Ц. Борис Трајковски со тимска игра дојде до победа над Спорт Лајф

С.Ц. Борис Трајковски 10-4(4-1) Спорт Лајф

С.Ц. Борис Трајковски: Јован Димовски 4’ 16’ 38’ Владимир Мојсовски 17’ Дамјан Сиљановски 39’ Горан Андонов 2’21’ 40’ Саше Димитровски 23’ 33’
Спорт Лајф: Горан Трајков 26’ 33’ 37’ Ален Мехмеди 11’

Одличен старт за екипата на С.Ц. Борис Трајковски во дуелот со Спорт Лајф, тие од самиот старт на овој натпревар влегоа со високо темпо и игра фокусирана на нападот. С.Ц. Борис Трајковски го отвори резултатот 2та минута со погодокот на Андоновски а само две минути подоцна Димовски стрелаше за водство од 2-0. По ова екипата на Спорт Лајф ги консолидира своите редови и успеа да ја намали разликата на 2-1 во 11та минута преку погодокот на Мехмеди. Во остатокот од полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски ја имаше иницијативата што се одрази на резултатот со кој се замина на паузата од 4-1. Во второто полувреме С.Ц. Борис Трајковски продолжи со одлична игра од самиот старт го зголеми водството на 5-1, екипата на Спорт Лајф проба со отворена игра да возврати но остави празнина во одбраната што С.Ц. Борис Трајковски вешто ја искористи за зголемување на водството. Екипата на Спорт Лајф играше без замена и со вака скратен состав не можеше да парира на расположените С.Ц. Борис Трајковски кои го добија овој натпревар со 10-4.