Тони Брњарчевски со 4 гола го одведе Матрикс во Ф4 фазата

Матрикс 5-1(2-0) ЕВН

Матрикс: Тони Брњарчевски 10’ 17’ 35’ 40’ Виктор Петровски 27’
ЕВН: Дарко Стоилевски 34’

Цврсто прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и ЕВН двете екипи од самиот старт започнаа со цврста игра на средината од теренот. Екипата на Матрикс беше таа која прва започна со нешто поофанзивна игра кон средината на полувремето што им донесе водство од 1-0, екипата на ЕВН се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но Матрикс со вториот гол на Брњарчевски успеа да го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот и делумно успеа во тоа со погодокот на Стоилевски но кај екипата на Матрикс вечерва блесна Тони Брњарчевски кој со 4 погодоци ја водеше својата екипи кон сигурна победа. Во финишот од натпреварот екипата на ЕВН имаше неколку одлични шанси но недостасуваше завршница. На крајот од натпреварот екипата на Матрикс успеа да створи солидна предност и да слави со резултат со 5-1.