УНИКА максимално мотивирана го совлада ЕЛЕМ

УНИКА 8-2(4-1) ЕЛЕМ

УНИКА: Љуљзим Каштањева 13’ 33’ Бесими Нухиу 18’ Аднан Лимани 19’ Беким Љута 12’ 35’ Шабан Чупи 22’ 37’
ЕЛЕМ: Тихо Груевски 9’ Никола Мицевски 29’

Екипата на УНИКА максимално мотивирано влезе во дуелот со ЕЛЕМ уште на самиот старт наметна висок ритам на игра, но во напдот играше стрпливо и сконцентрирано наметнувајчи ја својата препознатлива игра. Со ваквата поставеност доаѓаше до отворени шутеви кон голот на ЕЛЕМ. Во текот на целото прво полувреме екипата на ЕЛЕМ се обидуваше да го фати вистинскиот ритам како би можела да најде против игра за вечерва расположената УНИКА. На полувремето екипата на УНИКА отиде со предност од 4-1. Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат во ист ритам, самата игра го преслика првото полувреме што може да се види и по презултатот 8-2 со кој заврши овој натпревар.