УНИКА со одлично второ полувреме до сигрна победа над Аптив

Аптив 2-10(1-2) УНИКА

Аптив: Дамјан Хрдличка 19’ Марајн Митев 28’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 11’ 25’ Арбен Нухиу 38’ Аднан Лимани 21’ 32’ 33’ 36’ Донард Бајрами 10’ Риљина Ајдини 31’ 39’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на Аптив и УНИКА, двете екипи во овој натпревар влегоа со силно темпо на игра и акацент ставен на играта во нападот. Екипатана УНИКА беше таа која прва притисна кон голот на Аптив но тие доста умешно ги одбиваа нападите на УНИКА и се закануваа на спротивната страна. Во средината на полувремето екипата на УНИКА успеа да искористи грешка во одбраната на Аптив и да поведе со 0-1 со голот на Бајрами. Ова им даде дополнителен мотив па само минута подоца со погодокот на Каштањева успеаа да го зголемат водството на 0-2. Екипата на Аптив се обидуваше со брзи контра напади резултатски да се врати во натпреварот во што успеа во 19та минута од полувреме и дојде на само гол негатива преку погодокот на Хрдличка 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на УНИКА го подигна темпото на игра и од минута во минута успеваше да го зголемува водството. Екипата на Аптив не успеваше да најде против игра за денес расположените УНИКА, до крајот на натпреварот екипата на УНИКА успеа да ја осигура победата со висока разлика од 2-10.