УНИКА со тимска игра до победа над Аптив

Аптив 8-12(3-8) УНИКА

Аптив: Александар Марковски 4’ 33’ 38’ 40’ Иле Трајковски 8’ 27’ 40’ Владимир Јовановски 7’
Уника: Љуљзим Каштањева 6’ 13’ 21’ 26’ 37’ Бенјамин Граимца 14’ 19’ Беким Љута 34’ Шабан Чупи 3’ 20’ Енес Ариф 4’ 20’

Во отворен фудбал со целосен акцент на играта во нападот екипите на УНИКА и Аптив го започнаа овој натпревар. На стартот на овој натпревар и двете екипи играа гол за гол играјчи поставен напад кој со одлично изработени акции им даваше на екипите отврена можност за удар кон голот. Во средината од полувремето екипата на УНИКА успеа со неколку гола во низа да го сврти натпреварот во соја корист и да направи предност од 4 гола. Оваа игра УНИКА ја задржа се до крајот на првото полувреме кое го доби со 3-8. Во второто полувреме екипата на Аптив внесе во своите редови голман играч како би имала играч плус во нападот за да ја намали резултатската негатива. Во неколку наврати тоа им појде од рака, но УНИКА се врати поставувајќи своја препознатлива игра со која успеа да ја задржи предноста од првото полувреме и да слави во овој натпревар со 8-12.